Аријан Адеми избран за најдобар фудбалер во хрватското првенство

Аријан Адеми е избран за најдобар фудбалер во Првата хрватска фудбалска лига, во избор на капитените на тимовите. Адеми до приматот стигна со убедливи 66 бода, односно 20 повеќе од второпласираниот Мије Чакташ од Хајдук.

Ова е одличен крај за можеби и најдобрата година во кариерата на Адеми кој со Динамо Загреб успеа да се пласира во 1/16 финалето од Лигата на Европа, а со фудбалската репрезентација на Македонија стигна до историски пласман на Европските првенства.

Се вчитува...