Аријан Адеми официјално промовиран во Пекинг Гуан (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми официјално потврден како нов член на кинескиот Пекинг Гуан.

Еден од најдобрите клубови во Кина го потврдија трансферот на македонскиот репрезентативец кој веќе се приклучи и на тренинзите на својот нов клуб.

„Добредојде Адеми“– се огласија од Пекинг Гуан преку официјалните социјални мрежи на клубот.

Адеми потпиша тригодишен договор со Кинезите според кој треба да заработува 2,8 милиони евра годишна плата.

Се вчитува...