Аталанта го прекина победничкиот чекор на Јуве, Симоне подобар од Пипо Инзаги

Италијанскиот првак Јувентус се уште е без пораз, но го забележа второто реми во Серија А играјќи 2-2 против Аталанта во Бергамо. „Старата дама“ поведе во втората минута со автоголот на Џимшити, но Запата израмни во 24.минута. Јувентус остана со играч помалку поради исклучувањето на Бентанкур во 53.минута, а Дуван Запата постигна гол за водство на домашниот тим само три минути. Поразот на Јувентус го спречи Кристијано Роналдо во 78.минута.

Лацио ја совлада Болоња со 0-2 во дуелот на браќата Инзаги. Симоне излезе поуспешен од Филипо, а головите за „лацијалите“ ги постигнаа Луис Фелипе и Сенад Лулиќ.

Резултати Италија: Аталанта – Јувентус 2-2, Болоња – Лацио 0-2, Калјари – Џенова 1-0, Фиорентина – Парма 0-1, Сампдорија – Киево 2-0, Фросиноне – Милан 0-0.

Се вчитува...