Атлетико Мадрид го најде решението: Муса Дембеле ќе „стрела“ до крајот на годината?

Заминувањето на Диего Коста отвори место во нападот на Атлетико Мадрид, а по долгото барање на адекватен фудбалер, се чини дека Диего Симеоне решението го гледа во Муса Дембеле. Како што пренесуваат шпанските и француските медиуми, Французинот треба да пристигне на „Ванда Метрополитано“ на позајмица до крајот на сезоната, со обврска неговиот договор да биде откупен во целост.

24-годишниот напаѓач на Лион по повредата на рамото не е во формата во која што блескаше во претходните две сезони. На 16 одиграни натпревари има постигнато само еден погодок, за разлика од сезоните 2018/19 и 2019/20 во кои „стрелаше“ 20, односно 24 пати во противничката мрежа.

Интересно е тоа што Дембеле не е ни првиот избор за „јорганџиите“, кои во „корона кризата“ не можат да си дозволат скап играч. Оддамна е познато дека главната цел на тимот од Мадрид е Акрадиуш Милик, меѓутоа Наполи бара преголема цена за Полјакот. Ист е случајот и со Раул де Томас за ој Еспањол бара 60 милиони евра, како и Вилијан Жозе од Реад Сосиедад, кој чини 70 милиони евра.

Се вчитува...