Австриецот Крафт најдобар на големата скокалница на СП

Штефан Крафт го освои златниот медал на големата скокалница на Светското првенство во нордиски спортови кое се одржува во германскиот Оберздорф.

Австриецот до второто злато од големите скокалници на Светските првенства стигна со скокови од 132.5 и 134 метри кои беа доволни за вкупно 276.5 поени. Среброто му припадна на Норвежанецот Роберт Јохансон кој заврши со скокови од 129.5 и 135.5 метри, додека со бронза се закити Карл Гајгер од Германија со скокови од 132 метри во двете серии.

Се вчитува...