Баерн Минхен со минимална победа се искачи повторно на лидерското место во Бундес лигата

Баерн Минхен на домашен терен успеа да обезбеди минимална победа 1-0 против Билефелд во рамки на 13-то коло во германската Бундес лига.

Единствениот стрелец за „баварците“ беше Лерој Сане, кој успеа да биде прецизен во 71. минута, а овој негов гол се покажа како сосема доволен за победа вредна три бода.

Баерн по овој меч повторно се врати на лидерското место, но овој пат има само еден бод повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...