Баерн со порака до невакцинираните: Нема плата додека сте во изолација

Петтемина невакцинирани играчи на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, Џамал ​​Мусиала, Ерик Максим Чупо-Мотинг, Серж Гнабри и Микаел Кузанс, биле викнати на специјален состанок во клубот.

Шефовите на „Баварците“ се исплашени од ситуацијата во клубот, затоа што има се повеќе заразени играчи. На фудбалерите кои беа ставени во карантин, им било кажано дека нема да добијат плата за деновите додека се во изолација.

За Кимих тоа значи дека ќе загуби 768.000 евра бидејќи сега и тој е во карантин. Шефовите истакнаа дека ги разбираат желбите на играчите и не можат да ги обврзат да се вакцинираат, но велат дека имаат право да им одбијат од платите на вработените, бидејќи не можат да ги исполнат своите обврски поради карантинот.

Се вчитува...