Баерн владее со Германија: Убедлив триумф над „милионерите“ за преземање на врвот во Бундеслигата (ВИДЕО)

Баерн Минхен владее со германскиот фудбал добивајќи го убедливо дербито на 26. коло во Бундеслигата против директниот конкурент за трофејот, Борусија Дортмунд, за преземање на врвот.

Извонреден натпревар одигра баварскиот тим кој беше решен по првото полувреме кое им припадна со 3-0 на домашните.

Баерн поведе уште во 13. минута со автоголот на Кобел, а потоа во 18. минута Милер зголеми на 2-0, за да истиот играч веќе во 23. минута постигне гол и за 3-0.

Во второто полувреме Коман во 41. минута постигна гол за 4-0, по што веќе беше јасен победникот на мечот.

До крајот „милионерите“ постигнаа два гола колку да го ублажат поразот.

Се вчитува...