БАРАЖИ СП 2023: Хрватска ја уништи Финска, Унгарија се намачи со Израел

Хрватска ја оправда фаворитската улога против Финска славејќи со 21-34 во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржува во Шведска и Полска.

Хрватите уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на полувреме имаа предност од 9-16. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечн 21-34. Филип Главаш со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Гранлунд заврши со пет погодоци.

Унгарија иако беше голем фаворит се намачи на гостински терен против Израел добивајќи го натпреварот само со минимални 32-33.

Триумф на гостински терен запиша и Исланд против Австрија 30-34.

Се вчитува...