БАРАЖИ СП 2023: Црна Гора ќе брка два гола дома со Грција, Германија лесно со Фарски острови

Ракометната репрезентација на Грција стигна до сензационална победа над Црна Гора од 25-23 во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Полска и Шведска.

Домаќините одиграа неверојатно прво полувреме по кое имаа предност од пет гола разлика 15-10. Во вториот дел Црногорците заиграа подобро и со добра серија во финишот на мечот успеаја да ја намалат негативата на само два гола (25-23).

Пасисас со пет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Милош Вујовиќ беше убедливо најпрецизен со осум гола.

Репрезентацијата на Германија очекувано стигна до лесен триумф на домашен терен против Фарски острови од 34-26. Германците одиграа фуриозно прво полувреме кое го добија со плус шест (17-11), а до крајот разликата само се зголемуваше за конечни 34-26.

Се вчитува...