Барселона испрати втора понуда за Родри

Барселона не се откажува од намерата да го доведе Родри на „Камп Ноу“ и испратила втора, подобрена понуда до Манчестер Сити за шпанскиот репрезентативец.

Првата понуда на каталонскиот клуб била одбиена, но Барселона веднаш реагирала со нова понуда, надевајќи се дека ќе успее да постигне договор со англискиот шампион. Според последните информации, Сити за услугите на 30-годишниот играч за врска бара околу 80 милиони евра.

Родри, пак, наводно веќе го избрал својот следен клуб. Шпанецот ја преферира Барселона пред Реал Мадрид, а според повеќе извештаи веќе постои договор за личните услови меѓу играчот и каталонскиот клуб.

Во Барселона го гледаат Родри како идеално засилување за средниот ред и фудбалер кој може веднаш да донесе дополнителна стабилност и квалитет. Каталонците се надеваат дека желбата на самиот играч ќе им помогне полесно да ги завршат преговорите со Манчестер Сити.

Родри во Манчестер Сити пристигна во 2019 година и со клубот освои бројни трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите. Во 2024 година ја освои и „Златната топка“.

Се вчитува...