Барселона ослабена против Еибар: Маскерано казнет, Иниеста и Рафиња повредени

По вчерашната победа на Реал Мадрид, составот на Барселона има императив да освои три бода на вечерашното гостување кај Еибар. Но, тренерот Луис Енрике се соочува со кадровски проблеми во пресрет на овој дуел.

Одбраната ќе биде без помошта на Хавиер Маскерано, кој нема право на настап поради жолти картони. Повредени се Андрес Иниеста и Рафиња и тие исто така не се на располагање на Енрике.

„Одиме на победа, како и на секој натпревар. Императив ни се трите бода. Знаеме дека нема да биде лесно, но Барселона секогаш атакува на триумф“, вели тренерот Луис Енрике.

Се вчитува...