Потврдени стравувањата: Мајк Џејмс ја повреди тетивата

Анадолу Ефес доцна синоќа ја потврди лошата вест поврзана со повредата на Мајк Џејмс, кој настрада во второто полувреме од гостувањето со Црвена Звезда и мораше да носилки да биде изнесен од теренот.

Веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен, а турскиот клуб ги потврди најцрните прогнози – дека станува збор за повреда на тетивата.

„Детални испитувања ќе бидат извршени врз Мајк Џејмс, кој заработи повреда на тетивата, по што ќе биде составен и план за рехабилитација“, се вели во соопштението на турскиот клуб.

Во соопштението не е наведено дали станува збор за кинење на тетивата, но веројатноста за вакво сценарио е многу висока, што за жал би значело крај на сезоната за Џејмс, кој летово дојде во Ефес од редовите на Монако.

Се вчитува...