„Бев во апартманот до Ванда и Марадона…, со сексот го поместуваа мебелот“

Ванда Икарди е најпознатото женско име во фудбалскиот свет и едно од најпознатите менаџерски имиња воопшто, без разлика на тоа што има само еден клиент, својот сопруг Мауро Икарди.

Минатите години најголемо внимание привлече со врската со Макси Лопез, поранешниот фудбалер на Барселона кого го изневери токму со Икарди. Долго се зборуваше и за нејзината сексуална авантура со Диего Марадона, за што сега сведочи и аргентинската водителка Мирта Легранд.

„Ручав во еден еден хотел и кога излегував ми пријде Ванда и ме праша: ‘Зошто не ме повикаш во емисија?’. И реков: ‘Дали си ти таа која се сексаше со Марадона? Цела ноќ не ме оставивте да спијам“ – раскажува Мирта и продолжува:

„Бев во претседателскиот апартман, а тие веднаш до мене. Толку беа гласни што не можев да спијам. Со сексот го поместуваа мебелот низ апартманот, не ми беше јасно што се прават“.

Ванда, секако, ги демантираше овие тврдења нагласувајќи дека сето тоа е лага.

Се вчитува...