Бидете дел од кампот на европскиот првак

Се ближи крајниот рок за пријавување на Фудбалскиот камп Реал Мадрид Fundación Campus Experience, кој од 11 до 15. јуни ќе се одржи во Скопје, на терените на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. По повод освојувањето на 13.титула европски првак, рокот е продолжен и во наредните неколку дена, а дозволени се уште 20 дополнителни места за заинтересираните учесници.

Кампот е достапен за момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 17 години. Плаќањата ќе бидат достапни на повеќе рати преку банкарски институции, а дополнително, партнерите на овој камп Реал Мадрид Фондација за секој учесник ќе обезбедат спортска опрема (комплет од дрес, шорцеви, штуцни, капа, ранец и фудбалска топка)

Преглед на програмата на кампот и пријавување за учество е на официјалната веб страна на Реал Мадрид Fundación Campus Experience https://campusexperiencermf.com/mk/македонија/ или во седиштето на Спорт Арена ДООЕЛ, булевар Александар Македонски број 23 локал 10, ТЦ Естекад – Скопје. Телефон за контакт 078/462-622.

Се вчитува...