Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со фантастичните партии во германската Бундеслига, потврдувајќи ја својата клучна улога во тимот на Битигхајм.
По неверојатните 16 интервенции против Магдебург, македонскиот чувар на мрежата блесна и на дуелот против големиот фаворит Фуксе Берлин. Иако неговиот тим претрпе минимален пораз од 31-32, Томовски беше незапирлив на голот и запиша 14 успешни одбрани, со кои долго време го држеше Битигхајм во игра за изненадување против силниот берлински состав.
Битигхајм на социјалните мрежи објави видео со дел од најдобрите одбрани на Томовски…
„Овој човек е од друг свет“, стои на профилот на германскиот клуб.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
