Убедливи победи на ЕЛЕМ и на ЕВН на денешните натпревари од Бизнис-лигата.
ЕЛЕМ убедлив во дуелот со Сава Осигурување
Сава Осигурување 1-11(1-4) ЕЛЕМ
Сава Осигурување: Данило Апостолоски 19’
ЕЛЕМ: Ничевски 2’ Синиша Ковачевиќ 7’ 24’ 40’ Пеце Соклевски 10’ 29’ Влатко Петровски 17’ 38’ 39’ Павле Маџовски 27’ Бокан 32’
Четиринаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Сава Осигурување и ЕЛЕМ. Екипата на ЕЛЕМ иницијативата ја имаше во текот на целиот натпревар. Уште на самиот старт наметна висок ритам и во свој препознатлив стил успеа да стекне резултатска предност која на полувремето изнесуваше 1-4. Во второто полувреме ЕЛЕМ продолжи во ист ритам на кој екипата на Сава Осигурување не можеше да најде противигра. Во текот на целото второ полувреме ЕЛЕМ од минута во минута ја зголемуваше предноста со што не и остави простор на Сава Осигурување да се врати во натпреварот кој го загуби со убедливи 1-11.
ЕВН супериорен во дуелот со Раде Кончар
ЕВН 10-0(3-0) Раде Кончар
ЕВН: Томи Илиевски 7’ 29’ 30’ Вилијам Митев 10’ 11’ 31’ 39’ Бојан Симоновски 23’ Жарко Пунтевски 40’ Дејан Китановски 40’
Екипата на ЕВН одлично го отвори вториот натпревар од 14 коло. Во текот на целото прво полувреме играа костантно добро пред се во делот на нападот каде што се истакнаа со одлична реализација не давајќи му на Раде Кончар да постави против игра, па на полувремето заминаа со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на ЕВН ја засили играта во нападот стекнувајќи недостижна предност која на крајот изнесуваше високи 10-0 кои ги постави Дејан Китановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА