Два натпревари беа денеска на програмата во рамките од Бизнис-лигата…
Лукоил ја оправда улогата на фаворит
НЛБ Банка 3-12(1-7) Лукоил
НЛБ Банка: Мирослав Јовановски 12’ Жарко Димитриевски 26’ Иван Стојанов 27’
Лукоил: Д. Зиков 5’ 32’ 36’ Љупчо Апостоловски 6’ Васко Стефанов 7’ 8’ Александар Аврамоски 9’ Станој Коцев 10’ 28’ П. Костов 13’
Анѓелчо Арсов 21’ Жарко Климкаров 23’
Осумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на НЛБ Банка и Лукоил. Екипата на НЛБ Банка настапи ослабена во скратен состав практично без измена по што на Лукоил му припадна приматот на фаворит во овој натпревар. Лукоил уште на самиот старт ги оправда очекувањата, влезе во натпреварот мошне мотивирано со агресивна игра и притисок на предно поле, по што изнуди многу грешки одбраната на НЛБ Банка па следуваше казна. Уште во првата половина од првото полувреме екипата на Лукоил стекна недостижна предност која ја одржуваше и зголемуваше во текот на целиот натпревар. НЛБ Банка не можеше во ваков состав да се снајде против фаворитот Лукоил кој го доби овој натпревар со 3-12.
Окта и Гранит ги поделија бодовите
Окта 2-2 (1-1) Гранит
Окта: Драганче Стојановски 13’ Александар Јовчевски 24’
Гранит: Стефан Тевдовски 10’ Дарко Стојановски 25’
Првото полувреме го окарактеризира крајно израмнета игра во брз и отворен фудбал и на двете страни. Екипите на Окта и Гранит не успеаја резултатски да се одлепат, играјќи фубал во кој и двете екипи рамномерно ги распределија силите. Првото полувреме заврши со нерешен резултат од 1-1, каква што впрочем беше и играта. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам играјќи израмнето и на двете екипи успеаа да постигнат по еден гол по што се влезе во егал завршница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА