Боатенг си купи божиќен подарок од 500.000 евра

Џером Боатенг заработува шест милиони евра по сезона во Баерн Минхен, па искусниот дефанзивец може да си дозволи скапи подароци за себе и најблиските.

Сепак, германскиот репрезентативец се надмина себе си кога реши да издвои 500.000 евра за да си ги разубави божиќните празници купувајќи си нов автомобил. Станува збор за „Ламборџини Авентадор СВЈ“ во бела боја, кој развива брзина од 100 километри на час за 2,8 секунди, а максимална брзина му е 350 километри на час.

Се вчитува...