Бока славеше над Ривер Плејт во Лига купот на Аргентина (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бока Јуниорс се пласираа во полуфиналето на аргентинскиот Лига куп откако вечерва во „Суперкласико“ на неутрален терен славеа против најголемиот ривал, Ривер Плејт со 3-2.

Ривер Плејт поведе со 0-1 со погодокот на Мигел Борха уште во 10. минута од натпреварот, на асистенција на новиот талент на сите Ечевери. Бока во судиското надополнување во првиот дел израмни на 1-1 преку Мигел Мерентиел. Целосен пресврт 2-1 донесе Единсон Кавани во 62. минута, a на 3-1 зголеми Мигел Мерентиел со својот втор гол во 67. минута. Конечните 3-2 беа дело на Диаз во 97. минута.

 

River Plate 1-[3] Boca Juniors – Miguel Merentiel 67′
byu/chanashan insoccer

Се вчитува...