Боксерскиот клуб Пинк Пантер го имаше својот дебитански настап во Регионалната лига. Загуби од српскиот клуб Војводина Спартак со резултат 6–10, но љубителите на боксот во Штип беа одушевени од прикажаните борби. Поискусните ривали во одредени борби добија поени и на рутина, но останува впечатокот дека штипјани можеа и до нерешен резултат на крајот. Единствено Илчо Јоновски загуби со прекин во втората рунда во категоријата до 81 килограми, не можејќи да го издржи налетите на противникот Денис Мехметовиќ.
Гоце Јаневски во категоријата до 75 килограми ја оствари првата победа за Пинк Пантер во Регионалната лига, совладувајќи го Рауш Бошко. Победи славеа и Марко Доциќ и Александар Димовски.
А
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА