Усаин Болт има причина за разочараност откако повредата на СП во Лондон нема да му дозволи да дебитира за Манчестер јунајтед, на пријателскиот меч со легендите на Барселона закажан за почетокот на февруари. Болт не крие дека е голем фан на „ѓаволите“, управата на клубот го покани како специјален гостин да настапи на спектаклот на „Олд трафорд“, но лекарските прегледи покажаа дека повредата на мускулот е многу сериозна, па на асот од Јамајка ќе му биде потребна подолга пауза.
„За жал, станува збор за кинење на мускулот, по што ми е забранета било каква спортска активност во следните три месеци. Разочарувањето е големо, бидејќи нема да можам ниту да го облечам дресот на Манчестер јунајтед“ – истакна Болт.
Тој посочи и дека сериозноста на повредата е најдобар можен одговор на критичарите кои тврдеа дека тој изглумил дека се повредил, само за да не го признае фактот дека секако ќе останеше без златен медал.
„Никогаш не сум ги лажел фановите, не го сторив тоа ниту во Лондон. Најмногу од се сакав да се простам со победа и златен медал, но за жал се случи тоа што се случи. Благодарам до сите искрени фанови за поддршката, сега ќе одморам, ќе се лечам и ќе се подготвам за следното поглавје во мојот живот“ – пораа Болт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА