Најбрзиот човек во изминатата деценија, Усаин Болт, ја загуби својата последна трка на 100 метри на Светското првенство во атлетика што се одржува во Лондон, но тоа ниту малку не ја намалува неговата величина и сето она што и го даде на кралицата на спортовите во изминатиот период. Доказ за тоа беше и потегот на Џастин Гетлин, кој успеа да го победи во последната трка, но веднаш потоа клекна на колена и му оддаде вистинска почит на кралот на спринтот.
А, сега заминува во легендите. Тоа го стори и на симболичен начин, фотографирајќи се со легендарната спринтерка Мерлин Оти.
„Убаво е да се дружиш со легендите“, истакна Усаин Болт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА