Бонучи: Ќе одиме во финале само ако играме како претходните 30 натпревари

Дефанзивецот на италијанската репрезентација, Леонадро Бонучи, верува дека неговиот тим ќе се пласира во финалето на Европското првенство доколку ја повтори играта од претходните натпревари.

„Азурите“ во вторник ќе се сретнат со селекцијата на Шпанија на „Вембли“ во Лондон.

„Нема фаворити на овој натпревар. Игравме добро и напредувавме за време на натпреварувањето, но сè уште немаме освоено ништо. Треба да се фокусираме на деталите што треба да се подобрат. Натпреварот против толку силна селекција ќе биде само мотив повеќе за нас. Се сеќавам дека многумина ја критикуваа Шпанија, но Луис Енрике беше во право кога ја бранеше екипата. Првиот тим и воопшто останатиот состав генерално формираат една целина. Секогаш е тешко да се игра против таков психолошки силен тим. Меѓутоа, ако Италија игра како на последните 30 натпревари, сигурно ќе го постигнеме посакуваниот резултат“,рече Бонучи.

Дуелот помеѓу Италија и Шпанија е закажан за 6 јули во 21 часот на „Вембли“. Еден ден подоцна, на исто место ќе се сретнат Англија и Данска.

 

 

 

Се вчитува...