Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд Џуд Белингем воодушеви со своите фудбалски вештини. Од недела во недела расте на фудбалските терени, па јасно е зошто интересот за овој фудбалер кој има само 18 години е огромен.
Особено заинтересираните клубови се од Англија, а Дортмунд веќе ја одреди цената. „Билд“ напоменува дека цената за овој фудбалер е 120 милиони евра, што би било уште една неверојатна добивка на германскиот клуб.
За потсетување, Белингем во Борусија пристигна за 25 милиони евра во 2020 година, а договорот го врзува за овој клуб до 2025 година.
За услуги на овој играч се заинтересирани Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА