Бразил со објави составот за Копа Америка, нема место за Каземиро и Ришарлисон

Копа Америка ова лето се игра во САД, а еден од фаворитите за освојување секогаш е селекцијата на Бразил. И овојпат има силен состав.

Бразил е во група со Парагвај, Колумбија и Костарика, а донекаде е изненадување изостанувањето на Каземиро и на Ришарлисон, за кои нема место во составот на „кариоките“.

Селекторот Доривал Жуниор се одлучи за следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Алисон (Ливерпул), Бенто (Атлетико Параненсе), Едерсон (Манчестер Сити).

ОДБРАНА: Данило (Јувентус), Коуто (Жирона), Арана (Атлетико Минеиро), Вендел (Порто), Бералдо (ПСЖ), Милитао (Реал Мадрид), Габриел (Арсенал), Маркињош (ПСЖ).

СР. РЕД: Переира (Фулам), Гимараеш (Њукасл), Далас Луиз (Астон Вила), Жоао Гомеш (Вулверхемптон), Лукас Пакета (Вест Хем).

НАПАД: Ендрик (Палмеирас), Еванилсон (Порто), Мартинели (Арсенал), Рафиња (Барселона), Родриго (Реал Мадрид), Савињо (Џирона), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид).

Се вчитува...