Бразилецот кој играше десет години за Ливерпул објави крај на кариерата

Поранешниот бразилски репрезентањтивец Лукас Леива денеска објави дека става крај на професионалната кариера, на 36-годишна возраст откако му беше утврден проблем при работата на срцето, поради што играњето фудбал стана опасно по животот на екс-играчот на Ливерпул.

Леива најдобрите денови во кариерата ги мина токму во Ливерпул, каде пристигна во 2007 година и десет сезони ги бранеше боите на „црвените“.

„Дојде време да се каже збогум на теренот. Признавам дека одлуката е донесена од „виша сила“, но гледајќи наназад низ годините можам само да бидам горд на сето она што го имам минато како професионален фудбалер. Во 2007 година се преселив во гигант како што е Ливерпул, кој беше дел од мојот живот цели десет години. Денеска со гордост можам да кажам дека Ливерпул е мојот дом“, изјави Лукас Леива, кој по „Енфилд“ се пресели во редовите на Лацио, од каде за крај на кариерата се врати назад во Бразил, во клубот од неговото детство, Гремио.

Се вчитува...