Бразилка на стадион во Сао Паоло снимила порно филм како најава за СП 2022

Бразилскиот фудбал го тресе скандал откако порно актерката Ману Фокс (20) без дозвола влегла на стадионот на второлигашот Гуарани и снимила еротски филм на трибините.

Видеото, кое беше снимено на стадионот „Бринко де Оро“ во Сао Паоло, се појави на страница за интимно споделување видеа во вторникот и набргу потоа исчезна од нејзиниот профил.

Името на делото е „Подготвени за Светско првенство 2022 година“, а на насловната фотографија се гледа како актерката седи на трибините. Во клубот се бесни и не им е јасно кој ја пуштил жената со снимател на стадионот на кој нормално може да се влезе само со службена придружба на вработените во клубот.

Се вчитува...