Бразилска фудбалерка ги ‘излуде’ Кинезите

Бразилката Кристиане Розеира де Соуса Силва (31) е една од најдобрите светски фудбалерки, а наскоро може да стане и фудбалерка со најголема плата. Бразилката моментно игра за екипата на ПСЖ, но на мета е на богатите Кинези кои сакаат да ја популаризираат женската фудбалска лига и подготвени се да вложат милиони долари во најдобрите фудбалерки. Токму Кристиане е една од омилените спортистки на богатите  кинески спонзори.

Моментно највисок договор во женскиот фудбал има Американката Алекс Морган која во францускиот Лион заработува околу 450.000 долари годишно. Слична плата има и Бразилката Марта Виеира која игра за шведскиот Розенгард и пет пати досега била прогласена за најдобра фудбалерка во светот, во изборот на ФИФА. Зад нив се Аби Вамбах, Хетер Митс и Никол Банецки кои имаат договори меѓу 200.000 и 250.000 долари. Американската голманка Хоп Соло, пак, игра за само 80.000 долари годишно.

Кристиане Розеира наскоро треба да ги урне овие граници. Бразилката на крајот од сезоната од ПСЖ се сели во кинескиот Чангчун Дазхонг Жуоуи, третопласирана екипа во кинеското првенство. Иако точната сума за трансферот се уште не е официјално објавена, сопствениците на клубот истакнуваат дека Бразилката ќе стане најдоброплатена фудбалерка во историјата. Шпекулациите велат дека договорот на Кристиане „тежи“ најмалку милион долари за две сезони.

Кристиане Розеиро во својата фудбалска кариера со селекцијата на Бразил ја освои Копа Америка, станаа светска вицешампионка на СП 2007 и има освоено две сребрени олимписки медали. Покрај тоа таа е и олимписка рекордерка со вкупно 14 голови постигнати на олимпискиот турнир, а во нејзина сопственост е и најбрзиот хет-трик на Олимписките игри. Досега има настапено на четири светски првенства и на исто толку Олимписки игри. Професионалната клупска кариера ја градеше во Франција, Германија, Шведска, САД, Русија и во Ј.Кореја, а Кина и е следната дестинација.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/a961d3e96fded209471d627e47e9132d.mp4″]

Се вчитува...