Брестовац стана шампион на Саудиска Арабија: Одиме по тројна круна…

Данило Брестовац продолжува со одличните резултати на клупата на Мадар, клуб со кој поранешниот македонски селектор стана и нов шампион на Саудиска Арабија.

Сезоната беше суперинтересна, Мадар ја заврши сезоната со идентичен број бодови како и Ал Калеј, двата меѓусебни дуели завршија нерешено, па иако тимот на Брестовац имаше подобра гол-разлика беше одличено да се игра мајсторка. Во клучната битка за титулата славеше тимот на македонскиот стратег со 26-24,за огромно славје и освојување на вториот трофеј, по оној во Супер-купот.

„Пресреќен сум, веќе освоивме два трофеи сезонава, а трката за шампионскиот пехар беше навистина исцрпувачка. Мајсторката беше неизвесна до самиот крај, беа донесени и неутрални судии од Египет за да мине се во најдобар ред, а на крајот успеавме да триумфираме. Управата на клубот сака да разговараме за продолжување на соработката, но мојот фокус во моментов останува на екипата и претстојните предизвици. Максимално сме фокусирани на освојувањето на Купот на Саудиска Арабија, да се обидеме да стигнеме до тројна круна, па потоа ќе размислувам за продолжување на договорот“, изјави Брестовац за ЕКИПА.

Се вчитува...