Бројни фудбалски лица на трибините: Поддршката за националниот тим е потребна токму кога ги нема фановите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Бројни фудбалски лица од Македонија, поранешни фудбалски финансиери, репрезентативци, селектори и тренери денеска на трибините на националната арена „Тодор Проески“ како поддршка за македонската репрезентација.

Македонија убедливо го совлада Гибралтар во меч на кој хероите од Палермо не наидоа на сериозна поддршка од трибините. Но, затоа пак сите фудбалски лица денеска порачаа дека токму и по оној непосакуван пораз од Грузија поддршката за фудбалерите и репрезентацијата е најпотребна сега.

„Оваа генерација фудбалери многу направи за македонскиот фудбал, и затоа им е неопходна поддршка токму сега по поразот од Грузија. Кога им е најтешко им е потребна поддршката и од навивачите, но нашата очигледно препребирлива публика брзо заборава некои нешта. Секој од нас треба да научи дека спортот и својата репрезентација се сакаат и во победи и во порази….“ – ни порачаа легендите на македонскиот фудбал Станојковиќ, Чоко Бошковски, Ѓоре Јовановски, кои вечерва беа на „Тодор Проески“.

А, покрај Вујадин Станојковиќ, Зоран Бошковски, Ѓоре Јовановски… на нашиот најголем стадион денеска можеа да се забележат и поранешниот главен финансиер на Работнички и Вардар, Коста Костовски, поранешниот директор на Вардар, Драган Томовски, поранешните репрезентативци Никола Ѓошевски, Горан Станковски, Арџен Беќири и стратезите Жикица Тасевски, Југослав Тренчовски, Гордан Здравков,  Александар Васоски…

 

 

 

 

Се вчитува...