28-годишниот хрватски репрезентативец Марсело Брозовиќ зборуваше за денешниот дуел со репрезентацијата на Шпанија во осминафиналето на фудбалското Европско првенство. Тој напомена дека неговите соиграчи се подготвени за овој дуел, па ништо не може да ги изненанди.
Брозовиќ во својата изјава потенцираше дека ги знаат слабите страни на Шпанија, па на овој меч ќе се обидат да ги искористат и да дојдат до позитивен исход.
„Сите знаеме дека Шпанија има одличен тим. Сепак, ние ги знаеме не само нивните предности, туку и слабостите. Долги години играат на таков начин што секогаш се трудат да бидат со топката. Ние мора да им го одземеме просторот, да ја минимизираме нивната иницијатива. Мислам дека имаме совршен план за игра“, вели Брозовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА