Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, беше меѓу првите кои го поздравија именувањето на Андреа Пирло за нов тренер на клубот. Иако се шпекулираше дека Јувентус го бара Маурисио Покетино за замена за Маурицио Сари сепак италијанскиот гигант одлучи да го постави Пирло за прв тренер само девет дена откако беше именуван за предводник на тимот до 23 години.
„И сега треба ли да те викам „мистер“? Со среќа“ – напиша Буфон.
Во објава на Инстаграм, Буфон со досетлив коментар даде поддршка за новото тренерско име во Јувентус. „Мистер“ е вообичаениот израз кој во Италија го користат фудбалерите кога му се обраќаат на шефот на стручниот штаб.
Буфон и Пирло играа заедно до 2015 година. Голманот кој има 42 години е една година повозрасен од новиот тренер. Покрај Буфон и дел од останатите играчи дадоа поддршка на смената на Сари, а се огласи и Кристијано Роналдо кој порача дека Јувентус секогаш треба да размислува како „најдобар во светот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА