Бундес-лига: Баерн му го нанесе првиот пораз на Фрајбург (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 2:1 го совлада тимот на Фрајбург во 11. коло во Бундеслигата, и го задржа првото место на табелата и после ова коло. „Баварците“ потешко од очекувањата, славеа само минимален триумф против сезонава одличниот Фрајбург, кој го претрпе само првиот пораз во Германија.

„Баварците“ дојдоа до победа благодарение на головите на Горецка во првиот дел, и на Левандовски во второто полувреме кога поведоа со 2:0. Хаберер само успеа да намали на 2:1. Дури 29 удари беа упатени кон голот на Фрајбург, од кои 11 беа во рамките.

Арминија Билефелд дојде до првиот триумф сезонава, откако успеа да го совлада тимот на Штутгарт на гости со 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Окугава во 19. минута.

Бохум успеа да го совлада тимот на Хофенхајм, додека Волфсбург дојде до вториот триумф под водство на новиот тренер. Нмеча го постигна единствениот гол за победа над Аугзбург.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...