БУНДЕСЛИГА: Баерн му се реваншираше на Фрајбург, Борусија Д. подобра од Унион (ВИДЕО)

Баерн Минхен му се реваншираше на Фрајбург за елиминацијата од Купот на Германија, совладувајќи го на негов терен во првенството минимално со 0-1. Со тоа тимот предводен од Тухел дојде до вториот триумф во Бундеслигата, и остана на чело на табелата. Стрелец на единствениот гол беше Де Лихт во 52. минута.

Борусија Дортмунд тешко стигна до победата над Унион, и ја продолжи битката за титулата со „Баварците“. Во директната пресметка за 2. место, во Дортмунд, Борусија имаше предност по првиот дел со гол на Мален. Сепак, Бехренс во 61. минута го шокираше Дортмунд, а „џокер“ за голема победа беше Мукоко кој во 79. минута постигна гол за водство.

Ајнтрахт Франкфурт загуби од Баер Леверкузен и така ја загуби битката за излез во Лигата на шампионите. 2-0 имаше предност Леверкузен со головите на Адли и Диаби, а во вториот дел тимот од Франкфурт само намали со гол на Со, но Азмун во 91. минута стави печат на победата. Келн триумфираше на гостувањето кај Аугзбург, додека Вердер во последните секунди се спаси од пораз и одигра 2-2 на гостувањето кај МАјнц.

 

Се вчитува...