Бускетс: Ова беше меч за се или ништо, а добивме ништо – Реално ни се падна многу тешка група!

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс синоќа не го дочека крајот од натпреварот со Интер на теренот (3-30), откако беше повлечен од игра во 64-та минута, веднаш откако тимот на Чави Хернандез прими втор гол.

Покрај Пике и Гарсија, Серхио е еден од најкритикуваните од страна на навивачите на Барселона, кои сега се пред ново огромно разочарување во Лигата на шампионите, нешто што никој не го очекуваше и замислуваше по возбудливите засилувања во летниот преоден рол. Барса досега освои само четири бода во четири рунди и треба да се надева на чудо за да се најде во осминафиналето, бидејќи потребно е Викторија Плзен да извлече нешто на гостувањето кај Интер за да им остави шанси на каталонците.

Тоа изгледа доста нереално во овој момент, а свесен за тоа е и Бускетс кој не го криеше разочарувањето по ремито од овој дуел.

„Не бевме доволно концентрирани во двата шеснаесетника. Ова беше меч да се биде или не, меч за се или ништо, а добивме ништо. Разочарувањето е огромно. Се паднавме во тешка група во Лигата на шампионите, но аспирациите мора да бидат поголеми. Ќе се обидеме да бидеме позитивни до крај, но треба да бидеме и релани. Сега немаме многу време, не ни преостанува ништо друго освен да се рестартираме и да се насочиме на дуелот со Реал“, изјави Бускетс.

Се вчитува...