Челси обезбеди пласман во следната фаза, Севилја ги задржа шансите за 1/8 финале

Челси и Севилја остварија победи во денешните први натпревари во 5. коло од Лигата на шампионите. Лондонскиот тим славеше триумф над Салцбург од 1-2, додека Севилја на домашен терен дојде до првата победа над Копенхаген од 3-0, и така ги задржи шансите за пласман во следната фаза. Челси со овој триумф обезбеди пласман во 1/8 финалето, но го нема обезбедено првото место, односно ако вечер Динамо не триумфира над Милан, сигурно ќе биде на првата позиција.

Челси во Салцбург победи со 1-2, но во првиот дел пропушти шанси да дојде до поубедливо водство, и замина на полувреме само со 0-1 со голот на Ковачиќ. На стартот од вториот дел Адаму донесе израмнување, по грешката на одбраната на Челси. Но, прекрасниот гол во 64. минута на Хаверц ја донесе победата.

Севилја со три гола во вториот дел, го совлада Копенхаген. Нововлезениот Ен Несири во 61. минута донесе водство, а прекрасниот гол на Иско во 88. минута ја обезбеди победата. Монтиел во 92. минута само ја запечати победата на шпанскиот тим.

Се вчитува...