Ракометарите на Пелистер го одработија првиот дел од подготовките за новата сезона, а тренерот Лино Червар е свесен дека пред „зелено-белите“ е многу работа за да се влезе во посакувнаиот ритам за стартот на Супер-лигата.
Битолчани в недела го почнуваат и настапот во Регионалната лига против Партизан, а Червар акцент става на креирање на сопствената игра и пренесување на своите тактички замисли врз ракометарите.
„Морам да кажам дека ми е чест што сум тука, што го тренирам Пелистер на крајот на мојата кариера. Мило ми е што се вратив во мојата втора татковина, знам кој е Пелистер,, клуб со голема традиција, клуб против кој го имам водено Умаг своевремено на почетоците на мојата тренерска кариера. Ќе дадам се од себе за Пелистер да биде конкурентен, јас сум поразличен, барам некои поразлични работи, но ќе инсистирам играта на Пелистер да има некој свој одреден имиџ, идентитет. Сите ние заедно, секој од нас мора да даде се, јас како тренер морам да бидам пример, да се борам, да направам се што можам Пелистер да биде одличен. Најважно е играчите да имаат идеја за играта, да увидат што барам од нив, пред нас е многу работа, а немаме многу време. Веќе в недела се среќаваме со Партизан, овој меч можеби доаѓа малку прерано, но ние ќе сториме се за да се спротивставиме“, изјави Червар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
