Норвешкиот ски-центар Викерсунд денеска беше местото каде се случи чудо во натпреварите во скијачки скокови. За само половина час, двапати беше урнат светскиот рекорд. Пред две години, на ова исто место, рекорд постави Андерс Фанемел со скок од 251,5 метри.
Но, денеска на истото место Роберт Јохансон го урна неговиот рекорд и скокна 252 метри.
Сепак, и тоа не беше се. Норвежанецот не можеше да верува, меѓутоа австрискиот натпреварувач Штефан Крафт изведе неверојатен скок од 253,5 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА