Чупиќ: Лут сум и тажен… ќе ми беше полесно бевме исвиркани од навивачите

Иван Чупиќ делуваше потиштено на прес-конференцијата по натпреварот откако Вардар го претрпе и третиот пораз во низа од стартот на Лигата на Шампионите.

Ако на претходниите дуели „црвено-црните“ немаа среќа, овојпат против Висла поразот беше неизбежен, гостите од Полска доминираа од почеток до крај, за враќање во реалноста на Чупиќ и неговите избраници.

„Чувството беше поинакво против Мелсунген и Нант, сега е сосема трето. Сега сум и лут и тажен, ама се разочарав. Не се кријам и признавам. Многу пати сум бил во полн „Јане“ и како играч и тренер. Ми било полесно ако навивачите не исвиркаа и си заминаа, наместо вака да не бодрат по мечот. Ова е мој тим, моја екипа и сакам да не ги разочаруваме овие навивачи. Кога ќе видиме колку не сакаат нас и клубот, дури и играчите на Висла ги поздравија, а нам ни дојде срам од поразот. Филингот ми е таков и затоа сум понерасположен, треба да го сакаш Вардар како што го сакаме ние. Сепак, постојат моменти како овој кои погодуваат повеќе. Не ми е првпат да загубам со Вардар и како играч или тренер, ама ретко кога било вака. Навивачите останаа да ни покажат поддршка долго по мечот и тоа ме погоди многу на човечко ниво“, истакна тренерот на Вардар.

„Црвено-црните“ со три порази во првите три рунди практично ги загубија шансите за пласман во следната фаза, но нема сомнеж

Се вчитува...