Дана Вајт ја најави најголемата борба во историјата на УФЦ

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт нема ништо против во иднина да се организира борба меѓу Хорхе Масвидал и Конор Мекгрегор. Вајт смета дека овој меч би бил најголемиот во историјата на организацијата, но дека се уште се далеку од негова реализација.

„Таа борба би била најголемата во историјата на спортот. Сепак, во моментов сум сконцентриран само на тоа што ќе се случи во другите борби“, изјави Вајт. 

Конор Мекгрегор во моментов е во пензија и само голема сума на пари би можела да го врати во октагонот.

Се вчитува...