Атлетичарот Дарио Ивановски го потврди своето учество на Лените олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во главниот град на Франција, Париз со победа на денешното осмо издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ трката.
Од 1650 учесници кои беа дел од денешната трка македонскиот атлетичар беше најефикасен во машката конкуренција потврдувајќи ја одличната форма пред настапот на собирот на најдобрите атлетичари на светот.
Пехарот за победата му беше врачен од страна на Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА