Матијс де Лихт e проценет на 75 милиони евра, но младиот холандски дефанзивец се посрамоти на вечерашното полуфинале од Лигата на Нации против Англија.
Се играше 30. минута кога Де Лихт очајно ја исконтролираше топката во сопствениот шеснаесетник, па потоа го фаулираше Рашфорд, кој беше во налет кон голманот Силесен. Судијата покажа милост, па Де Лихт доби само жолт картон, но и досуди пенал по кој Рашфорд ја доведе Англија во водство.
Доколку резултатот остане ваков, нема дилеми дека Матијс де Лихт ќе биде главниот виновник што Холандија нема да игра финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА