Дел Потро остана без секси-манекенка поради „короната“

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро ја прекина двегодишната врска со манекенката Софија Хименез. Според зборовите на манекенката причина е пандемијата на коронавирусот.

„Времето во самоизолација очигледно многу влијаше на нас. Сето тоа донесе многу неизвесност и одлучив дека не можеме да продолжиме. Да бидам искрена и пред пандемијата имавме одредени проблеми, но изолацијата ја забрза одлуката. Сега немаме никаков контакт. Живеевме заедно, но сега јас се вратив кај мојата мајка“ – соопшти Софија.

Аргентинецот, пак, не сака да зборува, како што вели, за приватниот живот. Се обидува да се опорави од повредата на коленото кое го оперираше. Познато е дека Дел Потро долго време се мачи со хроничните проблеми со коленото.

Се вчитува...