Девојката на Дибала призна: Сакам мажи, но сакам и жени!

Пејачката и актерка Оријана Сабатини е во врска со ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, а на социјалните мрежи ја следат повеќе од 5,5 милиони луѓе. Убавицата која го привлекува вниманието каде и да се појави, овој пат реши да излезе од „орманот“, па призна дека сака и мажи, но и жени.

Пауло и Сабатини се во врска веќе три години, а сега актерката го сврте вниманието кон себе велејќи дека сака жени.

„Ако треба да си ставам етикета – да, мислам дека сум бисексуалец“, изјави Оријана.

Италијанските медиуми пишуваат веќе три години, навестувајќи дека Сабатини сака и мажи и жени, особено по нејзиниот сингл „Остани или бегај“, во чиј видео запис таа ја гушка и бакнува Соледад Алонсо, позната за јавноста како светско модно лице.

„Нема ништо подобро во животот од чувството за слобода“, одговори тогаш пејачката на прашањето дали е личност која сака и мажи и жени.

Инаку, Дибала прв пат ја виде Оријана на концертот на Ариана Гранде во Буенос Аирес во 2017 година, каде што Сабатини беше танчерка. Тој бил толку „маѓепсан“ што веднаш го побарал бројот и ја поканил на пијачка по што започнала нивната љубовна авантура.

Се вчитува...