Един Џеко по две години поминати во редовите на Фенербахче заминува од Турција и карирерата ќе ја продолжи со шампионатот на Саудиска Арабија, пренесуваат турските медиуми.
Искусниот голгетер од Босна и Херцеговина ќе настапува за Ал Хилал кој и во минатото беше заинтересиран за неговите услуги. Според информациите на „Фотомак“ тој ќе потпише едногодишен договор со можност за дополнителна година за што ќе заработи 11 милиони евра на годишно ниво.
Интересно, репрезентативецот на БиХ во Ал Хилал се очекува да им се приклучи на српските репрезентативци Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ.
Сега 38-годишникот кариерата ја започна во Железничар, а настапуваше и за Волфсбург, Манчестер Сити, Рома и Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА