Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја прошируваат империјата со Њујорк Метс

Мегапопуларната двојка, Џенифер Лопез и Алекс Родригез, прави втор обид за купување на славниот бејзбол тим Њујорк Метс. Пејачката и актерка и нејзиниот партнер кој е бејзбол легенда според неколку извори во САД биле во преговори со неколку банки за да дојдат до потребната сума за купување на франшизата која ќе ги направи „крал и кралица на Квинс“.

Вредноста на „метс“ е околу 1,65 милијарди долари. Првиот обид на парот да го купи тимот на почетокот на овој месец пропадна. Сопственици на Њујорк Метс во моментов се Фред и Џеф Вилпон кои наводно се расположени за продажба поради големиот финансиски удар кој го доживеа франшизата поради кризата со коронавирусот. И претходно клубот работеше со загуби.

Лопез и Родригез имаат долгорочни планови за „метс“ кои вклучуваат и промени на стадионот, но и на целиот концепт на понуда на франшизата. Во неофицијална изјава, претставник на Лигата рекол дека за МЛБ идејата е прифатлива и дека ќе го живне клубот особено инволвираноста на Лопез.

 

Се вчитува...