Дилета повторно е слободна – Му раскина на турскиот актер поради љубомора

Атрактивната италијанска водителка Дилета Леота повторно е слободна, откако раскина со турскиот глумец Чан Јаман. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Дилета по четири месеци одлучила да стави крај на врската со Јаман, а како главна причина се наведува дека е неговата голема љубомора.

Медиумите на „чизмата“ пренесуваат дека Турчинот не можел да ги трпи сите погледи кон Дилета. Често бил љубоморен, поради што таа морала да ја прекине врската.

„Се чини дека таа се одлучила да стави крај на се. Неговиот шарм не беше доволен, бидејќи Дилета не можеше да премине преку некои работи. Поради тоа одлучила да ја заврши врската“, пишуваат италијанските медиуми. 

 

Се вчитува...