Дилета се налути: Доста молчев, зошто жена не може да има пријатели, туку само љубовници…

Дилета Леота е една од најпознатите новинарки која го следи фудбалот, а последните месеци беше во центарот на вниманието на јавноста поради наводни врски со Златан Ибрахимовиќ, и американскиот милијардер и потпретседател на Рома, Рајан Фридкин. Таа реши да ја прекине тишината и да разговара за сè отворено.

Убавата новинарка веќе некое време е во врска со турскиот актер Џан Јаман, па и стана тешко за неа да слуша од ден на ден гласини со кого денес е во тајна љубовна врска. Неколку пати таа истакнуваше дека е во среќна врска и дека и покрај сите озборувања, сепак е со Јаман.

„Отсекогаш молчев. И можеби не бев во право. Всушност, бев во заблуда дека порано или подоцна добрата информација ќе ги надмине ваквите приказни. Така ги трпев секојдневните отровни озборувања: фотографи пред мојата куќа и новинари, што го чекаа секој мој потег, беспилотни летала пред мојот прозорец, но сега сум малку уморна“, призна Дилета во обраќањето на Инстаграм.

Леота одлучи да објасни дека нема ниту еден процент вистината во сите приказни и гласини.

„Читајќи невистини во весниците, секој може да помисли дека сум канибал, жена неспособна за љубов. Тоа е неприфатливо. Всушност, не ми кажувајте дека ова е цената што треба да ја платам за успех. Или дека сум го барала Златан Ибрахимовиќ поради мојата шминка, облините, облеката, објавените фотографии“, напиша таа и праша дали и таа има право на слобода.

Новинарката инсистираше на тоа дека имало машко-женско пријателство со овие споменати луѓе и дека не разбира зошто медиумите имаат потреба од измислици.

„Објаснете ми зошто жената не може да има пријатели, туку секогаш само љубовници. Затоа што ако сретнам убаво момче двапати и пијам со него кафе, дали ќе разговараме веднаш за нова љубов? Зошто ако направам реклама со фудбалер, со месеци се инсинуира дека сме во тајна врска? Затоа што ако се дружам со убав актер и сме среќни, дали тоа треба да биде измислена приказна? И зошто, ако, во согласност со епидемиолошките мерки, се откажам од прекрасно патување во странство, зборуваме за криза меѓу нас?“, заклучи Дилета.

Леота истакна дека особено и е жал за сите измамени читатели, но и за нејзината баба, која на 80-годишна возраст верува во сè што медиумите објавуваат на Апенинскиот полуостров.

 

 

 

Се вчитува...