Додека фановите на Мегрегор со нетрпение го очекуваат неговиот камбек тој лудува во ноќен клуб (ВИДЕО)

Поминаа три години откако најпознатиот ММА борец, Конор Мегрегор по поразот и стекнатата повреда во средбата со Дастин Поарие стапна во рингот, но се е подготвено за камбек на Ирецот со закажаната борба против Мајкл Чендлер која ќе се одржи 29. јуни.

Победата во истата може да го врати Мегрегор во потесниот круг на кандидати за освојување на појас па очекувањата се дека тој напорно работи на неговата форма, но тоа не е случајот судејќи по последните видеа кои се појавија на социјалните мрежи и на кои може да се види како Мегрегот лудува во ноќен клуб.


Поводот за лудата забава е освоениот трофеј на неговиот аматерски клуб „Блек Форџ“.

Се вчитува...